Tuesday, March 15, 2011

Aјкула

  Денес постојат околу 370 видови ајкули, чија должина варира од 60 см (морски кучиња) до над 15 м (ајкула-кит).Ајкулите пливаат брзо. Штоп таа престане да плива, веднаш тоне затоа што има поголема маса од масата на водата што ја истиснува. Ајкулите се месојади. Помалите жртви ги голтаат цели, а поголемите ги распарчуваат. Во зависност од видот, ајкулите се овипарни (несат јајца од кои се изведуваат младенчиња), ововипарни (младенчињата се развиваат од јајца, но во телото на мајката) и вивипарни (раѓаат живи младенчиња).


      Големата бела ајкула (Carcharodon carcharias) е една од најопасните ајкули. Нејзината вилица, што е 20 пати посилна од вилицата на големо куче, има триаголни заби долги 6 сантиметри. Развиеното сетило за мирис и овозможува да почувствува капка крв на даечина од 1 км. Живее во Атлантски, Тихи и во Индиски Океан, на отворено море.
 Постојат околу 22 500 видови риби, распространети во сите океани, мориња, реки и езера на земјината топка. Повеќето од нив живеат само во слатка или само во солена (морска) вода. Класирани се во две различни групи: риби чиј скелет е составен од 'рскавица, односно класа на 'рскавични риби (Chondrichthyes)во која спаѓаат ајкулите и ражите; и риби чиј скелет е составен од коски - класа на коскени риби (Osteichthyes). Рибите настанале пред околу 400 милиони години.